НБА е професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 тима (29 од САД и 1 од Канада). Таа е член на САД Кошарката (USAB), која е препознатлива по Интернационалната Кошаркарска Федерација како Национален управен орган (NGB) за кошарка во САД. НБА е една од четирите Главни Северно Американски спортски лиги, во која се Главната бејзболска лига(MLB), Националната фудбалска лига(NFL) и Националната хокеарска лига(NHL). Лигата е основана во во Њујорк на 6 јуни 1946, како Кошаркарска асоцијации на Америка(BAA). Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со ривалот Националнаta Кошаркарска Лига(NBL). Лигата раководеше со помалите индивидуални канцеларии преку главната канцеларија лоцирана во Олипик Тауер, на 645 Петта Авенија во Њујорк. НБА Забава и НБА ТВ се наоѓаат во Сеакуза, Њу Џерси Тимот со најмногу освоени титули (17) е Бостон Селтикс.